/ Прочитано:

547

Во 2021 година биле донесени 209 закони

„Во 2021 година законодавниот дом ја потврди својата ефективност и продуктивност“, истакна претседателот на Собранието, Талат Џафери во својата завршна годишна изјава. Во тој контекст, Џафери го објави податоците за донесените закони во Собранието на РСМ.

Според податоците, од вкупно 59 пленарни седници, 39 се завршени. Незавршени пленарни седници се вкупно 20.

Вкупно донесени закони во 2021 година се 209, од кои:

  • по редовна постапка се донесени 111
  • по скратена постапка  се донесени 79

По подносител:

  • 188 се поднесени од Влада на Република Северна Македонија
  • 21 се поднесени од пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Покрај тоа, донесени се и 21 закон за ратификација на договори помеѓу Република Северна Македонија и други земји.

Преостанати, незавршени точки кои што треба да се разгледаат на седници на матичните комисии за понатамошно процесирање на пленарна седница по матични тела се следни:
• Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство,  7 точки;
•Комисија за европски прашања –  12 точки;
•Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците – 10 точки;
•Комисија за одбрана и безбедност – 1 точка;
•Комисија за здравство, 2 точки;
•Комисија за финансирање и буџет – 6 точки;
•Комисија за образование, наука и спорт – 5 точки;
•Комисија за економски прашања, 4 точки;
•Комисија за транспорт, врски и екологија, 9 точки.

М.В