/ Прочитано:

1.710

Во Австрија е изречена пресуда за објава на Фејсбук со нацистичка содржина

Пресудата е донесена врз основа на „Verbotsgesetz 1947“, уставен закон донесен на 8 мај 1945 година, а влезен во употреба на 18 февруари 1947 година, кој ја забранува Нацистичката партија и ја дефинира како парамилитантна организација и неговата цел е дефашизација на Австрија и спречување на евентуално возобновување на нацизмот.

Судот во областа Фелдкирх, Австрија, во понеделникот донесе пресуда против 34-годишен маж чиј идентитет не се открива поради неговите тврдења, кои биле јавно изнесени на Фејсбук, дека масовниот геноцид врз Евреите всушност никогаш не се случил и дека сето тоа е само една измислена приказна.

Пресудата е донесена врз основа на „Verbotsgesetz 1947“, уставен закон донесен на 8 мај 1945 година, а влезен во употреба на 18 февруари 1947 година, кој ја забранува Нацистичката партија и ја дефинира како парамилитантна организација и неговата цел е дефашизација на Австрија и спречување на евентуално возобновување на нацизмот.

Во 1992 година законот бил дополнет со одредба со која се забранува негирање на холокаустот, а исто така и злосторствата извршени од страна на Нацистичката партија. Австрискиот граѓанин кој изнесувал свои ставови во врска со евреите и холокаустот тврдел дека Евреите постојано ги измислувале тие приказни за да создадат лоша слика за Адолф Хитлер со цел тој да ја загуби војната. Претходно, истиот човек бил осуден за слично дело пред неколку години поради јавното објавување текстови, повторно на Фејсбук, нарекувајќи ги муслиманите стаорци и тогаш судот му изрекол парична казна од 1.690 евра и условна казна затвор.

И покрај тоа што од завршувањето на Втората светска војна и од крајот на нацистичка Германија се поминати повеќе од 70 години, сепак, низ светот сè уште е активен култот кон Хитлер и неговите дела. Така, минатиот месец полското јавно обвинителство побарало од САД да екстрадираат човек од Минесота за кој тие тврделе дека извршил дела против човештвото за време на нацизмот.

Во ноември 2016 година Сојузниот суд на Германија ја потврдил пресудата за поранешниот нацистички офицер Оскар Гронинг, познат како Сметководителот на Аушвиц, за неговата улога во смртта на над 300.000 луѓе во концентрациониот логор. Два месеца претходно, судот во Нојбранденбург го почнал судењето на 95-годишен лекар, кој служел во логорот Аушвиц, а истиот месец судот во Кил пресудил дека 92-годишна жена, која била обвинета за нацистички злосторства, не била подобна за судење.

С. М.