/ Прочитано:

1.828

Во борбата против насилниот екстремизам клучно значење има и превенцијата

Денеска во Скопје се одржува регионалниот семинар на тема „Превенција/борба против насилен екстремизам“. Семинарот е во организација на Регионалниот совет за соработка и Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот.

„Овој семинар, посветен на практичните аспекти на институционалната обука, или поконкретно на натамошната едукација на кадри што потоа ќе треба да ги аплицираат стекнатите знаења и искуства во професионалното дејствување, низ призмата на проблематиката на насилниот радикализам и екстремизам, како дел од корпусот на безбедносни предизвици,  претставува исклучителна можност да се слушнат стручни, издржани и нови експертски сознанија и видувања за успешно спротивставување со таквите закани. Дотолку повеќе што насилниот радикализам и екстремизам се тесно испреплетени или знаат да бидат во основата и на терористичкото дејствување“, беше истакнато на денешниот настан.

Регионалниот совет за соработка и Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот нудат опсервација на подрачјето на рана детекција и превенција на радикализмот и екстремизмот

„Спречувањето на екстремизмот и генерално борбата против тероризмот подразбираат идентификација и откривање на факторите кои придонесуваат за радикализам, екстремизам и насилни активности во форма на тероризам и терористички активности. Превентивното дејствување нужно наметнува потреба од широка вклученост на различните општествени чинители, вклучително дури и на локалните средини или заедници“, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во своето обраќање на денешниот настан.

М.В