/ Прочитано:

738

Во јуни намален бројот на издадените одобренија за градење

Според податоците на Државниот завод за статистика, во јуни 2019 година се издадени 202 одобренија за градење, што е за 1,5 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 2.269.468 илјади денари, што е за 23,0 % помалку во однос на истиот месец од претходната година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 128 (63,4 %) се наменети за објекти од високоградба, 26 (12,9 %) за објекти од нискоградба и 48 (23,7 %) за објекти за реконструкција.

Од вкупно 202 објекти, на 124 (61,4 %) како инвеститори се јавуваат физички лица, а на 78 (38.6 %) објекти инвеститори се деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 516 станови, со вкупна корисна површина од 34.471 м2.

M.В