/ Прочитано:

601

Во Народната банка ќе се одбележи Денот на европската статистика

Народната банка и Државниот завод за статистика (ДЗС) со заеднички настан ќе го одбележат Денот на европската статистика, под мотото: „Подобри податоци. Подобар живот“.

Предвидено е свои обраќања да имаат гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорот на ДЗС, Апостол Симовски, и шефот на Делегацијата на ЕУ, амбасадорот Самуел Жбогар.

Во рамките на настанот, кој ќе започне во 10:30 часот, предавање ќе одржи почесниот гостин Пер Ниманд-Андерсен, советник на високото раководство на Европската централна банка,  на тема „Улогата на Европската централнoбанкарска заедница во обезбедувањето европска статистика“.