/ Прочитано:

1.606

Во новиот ЗКП се предлагаат измени и во одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка

Во предложениот Закон за кривичната постапка има измени и во делот на одредбите за известувањето на осомничениот за завршување на истражната постапка, кое јавниот обвинител е должен да им го достави на осомничениот и на неговиот  бранител.

Имено, во постојното законско решение, во членот 302 се пропишува дека  известувањето содржи краток опис на кривичното дело за кое било постапувано, правната квалификација, со назначување дека сите списи од спроведената истражна постапка се дадени на чување во архивата на јавното обвинителство и дека осомничениот и неговиот бранител имаат право да ги прегледуваат списите и доказите и да составуваат препис.

Известувањето содржи поука дека осомничениот има право во рок од 15 дена од приемот на известувањето да поднесе исправи, или други докази, списи од дејствијата на одбраната, или да бара од јавниот обвинител да собере определени докази.

Во предложеното законско решение, исто така во членот 302, се пропишува дека известувањето содржи краток опис на кривичното дело за кое било постапувано, правната квалификација, со назначување дека сите списи и сите докази од спроведената истражна постапка се дадени на чување во архивата на јавното обвинителство и дека осомничениот и неговиот бранител имаат право да ги прегледуваат списите и доказите и да составуваат препис, како и да ги фотокопираат, да ги копираат по електронски пат, да добијат копии од фотографии, видео- и аудиоснимки, да ги фотографираат предметите и да добијат препис или копии на кој било начин што ќе го оценат за најадекватен за анализа на списите и доказите.

Известувањето содржи и поука дека осомничениот има право во рок од 30 дена од приемот на известувањето да поднесе исправи, или други докази, списи од дејствијата на одбраната, или да бара од јавниот обвинител да собере определени докази.

Прашањето за менување на рокот од 15 дена во врска со известувањето на јавниот обвинител беше актуализирано пред две години, кога пратеници во Собранието на РМ предложија измени на ЗКП со цел да се зајакнат правата на одбраната на осомничените. Со измени се предложи менување на рокот пропишан во членот 301 од 15 дена на 90 дена.

Инаку, иницијативата за измени на Законот за кривичната постапка тогаш ја поднесoа неколку адвокати. Тие појаснија дека со иницијативата што ја предложиле, од аспект на одбраната, сакале да се овозможи доследно законско почитување и применување на принципот на еднаквост на оружјата во кривичната постапка. Тоа е потребно, нагласија адвокатите, за подготовка на правична одбрана.

АКРМ: Адвокатите да се вклучат со свои коментари во дискусијата за Предлог-законот за кривичната постапка

Објавен текстот на новиот  Предлог-закон за кривичната постапка

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Адвокатот Оливер Вуксановиќ – еден од шестемина адвокати иницијатори за измени на ЗКП

ПРЕДЛОЖЕНИ ИЗМЕНИ НА ЗКП: Да се зајакнат правата на одбраната на осомничените

М.В