/Прочитано:

1.020

Во подготовка и Закон за јавното обвинителство и Закон за кривичната постапка

Покрај најавените законски новини за Специјалното јавно обвинителство, Министерството за правда подготвува Предлог- закон за јавното обвинителство и Предлог-закон за кривичната постапка.

„Законот за кривичната постапка е донесен во 2010 година, а започна да се применува од 2013 година. Со него беа воведени значајни новини, кои во најголем дел се однесуваат на јавното обвинителство. Затоа е потребно Законот за јавното обвинителство да се усогласи со соодветните решенија пропишани во Законот за кривичната постапка“, посочуваат од Министерството за правда во врска со  најавените законски решенија за јавното обвинителство.

За Предлог-законот за кривичната постапка од Министерството за правда велат дека неговата цел е да се изврши усогласување со меѓународните стандарди и да се надминат лоцираните слабости во неговата примена.

„Во периодот на неговата примена беа лоцирани одредени недостатоци, кои е потребно да се отстранат. Дополнително, потребно е усогласување на законот со најновите меѓународни стандарди во оваа област“, додаваат  од Министерството за правда.

Министерството за правда подготвува Закон за Специјалното јавно обвинителство

М.В