Во подготовка измени на законите за административните службеници и за вработените во јавниот сектор
Министерството за информатичко општество и администрација подготвува измени на Законот за административните службеници и на Законот за вработените во јавниот сектор. Целта на законските решенија, кои се во подготовка, е подобрување на постојната законска регулатива.
Со измените на Законот за административни службеници, велат од МИОА, ќе се поедностават постапките за вработување и унапредување на административните службеници, постапката за утврдување на дисциплинската и материјална одговорност и ќе се изврши корекција на системот за управување со ефектот со цел надминување на слабостите на постојниот систем.
„Со измените на Законот за вработените во јавниот сектор, се вршат интервенции во опфатот и класификацијата на работните места во јавниот сектор, се доуредуваат постапките за вработување, унапредување, управување со ефектот и дисциплинската одговорност на вработените во јавниот сектор и се вршат суштински измени кај постапките за мобилност и изготвувањето на годишните планови“, посочуваат од МИОА.
Заклучоци во врска со Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација
Презентација на Извештајот за Стратегијата за реформа на јавната администрација
Граѓаните се жалат на долгото траење на процедурите во администрацијата
Измените на Законот за вработените во јавниот сектор пред Законодавно-правната комисија
Годишен извештај и препораки на Агенцијата за администрација
Јавна расправа за Законот за висока раководна служба
М.В