/ Прочитано:

596

Во подготовка измени на Законот за авторското право и сродните права

Министерството за култура подготвува Закон за изменување и дополнување на Законот за авторското право и сродните права. Целта на законските измени е хармонизација со европското законодавство и подобрување на законската рамка за колективното управување со цел заштита на авторското право и сродните права.

„Со Предлогот на закон се врши усогласување со Директивата 2014/26/EC за колективно управување, со Директивата 2011/77/ЕУ за изменување на Директивата 2006/116/ЕУ за времетраењето на заштитата на авторското право и сродните права, со Директивата 2012/28/ЕУ за дозволено користење на делата сираци, како и со Договорот од Маракеш за олеснување на пристапот до објавени дела за лицата кои се слепи. Измените и дополнувањата на Законот за авторското право и сродните права се предвидени во Програмата за работа на Владата на Република Северна Македонија за 2021 година. Со Предлогот на законот се врши и усогласување на Законот со Законот на прекршоците, од аспект на утврдување на распон на износ на висината на глобите кои се изрекуваат на физички, правни лица и одговорни лица во правните лица за прекршоците утврдени со овој закон“, посочуваат од Министерството.

М.В