Во подготовка измени на Законот за Царинската управа
Министерството за финасии подготвува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за Царинската управа по скратена постапка. Законските измени, велат од Министерството, се потребни поради усогласување на Законот за Царинската управа со други закони, односно со Законот за прекршоци. Со законските измени ќе се доуредат и одредбите во врска со надлежностите на Управата.
Со Законот за Царинската управа се уредуваат организацијата, делокругот на работа, начинот на вршење на работата и управувањето со Царинската управа, царинските надлежности, класификацијата на работните места, како и овластувањата и одговорностите при собирањето, евидентирањето, обработката и заштитата на податоците во врска со работите на Царинската управа.
Со овој закон, исто така, се уредуваат специфичностите во правата, обврските и одговорностите на царинските службеници од работен однос, кодексот на однесување, наградите и признанијата, како и финансирањето на Царинската управа.
Со Законот за прекршоците се уредуваат општите услови за пропишување на прекршоците и прекршочните санкции, општите услови за утврдување на прекршочната одговорност, за изрекувањето и извршувањето на прекршочните санкции и се пропишуваат прекршочните постапки.
Усогласување на законите за едношалтерскиот систем и за трговските друштва со Законот за прекршоците
Второ читање на законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите
Законите за прекршоците, за управните спорови и за судовите пред Комисијата за европски прашања
Пакетот закони од областа на правосудството усвоени на владина седница
Новините во Законот за прекршоците со кои се предвидува намалување на висината на казните
Одржана јавна расправа за нацрт-текстот на Предлог-законот за прекршоците
Измени на Законот за прекршоци чија цел е намалување на прекршочните глоби
M.В