/ Прочитано:

1.082

Во подготовка измени на Законот за договорен залог

Министерството за правда подготвува измени на Законот за договорен залог. Со Законот за договорен залог  се уредуваат начинот, условите и постапката за засновање, постоење, реализација и престанување на договорното заложно право врз подвижни ствари, хартии од вредност, побарување и други права (рачен залог) и врз недвижности (хипотека).

„Целта на Предлог законот е да се изврши дополнување на Законот за договорен залог со вклучување и на уделите на отворените инвестициски фондови кои се дел од инвестицискиот фонд, како еден од можните инструменти за обезбедување на кредитните активности на граѓаните и правните лица.

Со Законот за инвестициски фондови воведен е нов тип на инструмент – удели на инвестициски фондови кои ги издава друштвото за управување со инвестициски фондови и истите претставуваат дел од инвестицискиот фонд. Според Законот за договорен залог, истите не можат да бидат предмет на рачен залог односно еден од можните инструменти за обезбедување на побарувањата“, образложуваат од Министерството за правда.

М.В