/ Прочитано:

871

Во подготовка измени на Законот за Државен пазарен инспекторат

Министерството за економија подготвува измени на Законот за Државен пазарен инспекторат.

„Со измените се уредуваат прекршоците утврдени во Законот за Државен пазарен инспекторат, со што пропишаните глоби ќе бидат во рамките на предвидените граници утврдени со новиот Закон за прекршоците, ќе се доуреди надлежноста на Комисијата за одлучување по прекршок, формирана од стана на министерот за економија, за добивање на надоместок за својата работа и ќе се усогласи утврдувањето на прекршочната одговорност. Одредбите од овој закон се усогласуваат со новиот Закон за инспекциски надзор.

Целите кои се очекува да бидат постигнати со донесувањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за Државен пазарен инспекторат се хармонизација на правниот систем, односно потполна усогласеност на Законот за Државен пазарен инспекторат со националната прекршочна политика утврдена во Законот за прекршоците, потполна усогласеност со политиката на инспекциски надзор, како и поефикасна и поефективна работа на Комисијата за одлучување по прекршок“, посочуваат од Министерството.

М.В