Во подготовка измени на Законот за енергетика
Министерството за економија подготвува измени на Законот за енергетика.
„Со предложените измени и дополнувања на Законот за енергетика се врши транспонирање на Регулативата 1227/2011 за интегритет и транспарентност на пазарите на енергија на големо, Регулативата 1988/2018 за управување со енергија и Регулативата 2015/1222 за воспоставување на распределба на капацитет и управување со загушувањата, како и усогласување со Законот за прекршоци“, посочуваат од Министерството.