Во подготовка измени на Законот за лековите и медицинските помагала
Министерството за здравство подготвува измени на Законот за лековите и медицинските помагала. Цел на законските измени, велат од Министерството, е да се обезбеди непречено и навремено функционирање на Агенцијата за лекови и медицински средства.
„Во согласност со Законот за лековите и медицинските помагала, со Агенцијата за лекови и медицински средства раководи директор на Агенцијата. Условите и постапката за именување, времетраењето на мандатот и овластувањата на директорот се уредени со Законот. Од досегашното искуство во примената на Законот во делот на работата на директорот и функционирањето на Агенцијата, се констатира дека заради непостоење на заменик, во случај на отсуство на директорот се јавува проблем во ефикасното вршење на работите“, образложуваат од Министерството за здравство.
М.В