/ Прочитано:

1.191

Во подготовка измени на Законот за лобирање

Министерството за правда подготвува измени на Законот за лобирање. Примената на Законот за лобирање не е заживеана, а постои и лобирање надвор од законската рамка, велат од Министерството.

Целта на законските измени е надминување на утврдените слабости во текстот на постојниот Закон за лобирање, особено во деловите на дефинирањето на поимот лобист и активностите што се сметаат и оние што не се сметаат за лобирање, како и разработување на постапките за регистрирање и бришење од Регистарот на лобисти и вршење ефективен надзор над работата на лобистите.

М.В