Во подготовка измени на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци

Министерството за правда подготвува измени на Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија. Целта на воспоставувањето на НИПП е олеснување на пристапот, размената, употребата и дистрибуцијата на стандардизирани геопросторни податоци и услуги на ефикасен, ефективен и усогласен начин.

„Во НИПП, согласно Законот, членуваат 20 институции. Воспоставувањето на националната инфраструктура на просторни податоци (НИПП) во Република Северна Македонија е регулирано со Законот за националната инфраструктура на просторните податоци на Република Македонија. Во Законот е транспонирана европската директива INSPIRE (2007/2/EC), со која се регулира воспоставувањето на инфраструктурата на просторни податоци во Европската заедница“, образложуваат од Министерството.

М.В