/ Прочитано:

693

Во подготовка измени на Законот за општата управна постапка

Министерството за информатичко општество и администрација подготвува измени и дополнувања на Законот за општата управна постапка со цел допрецизирање на определени одредби и усогласување со процесите на дигитализација.

„Анализата на примената на ЗОУП утврди определени практични проблеми. Сè уште не е воспоставена уедначена управна пракса на ниво на јавните органи, па голем дел од нив од објективни причини не можат целосно да се придржуваат кон одредбите во согласност со кои јавниот орган треба да определи овластени лица за водење на управната постапка. Измените и дополнувањата се во насока на допрецизирање и обезбедување на доследна примена на начелото на делегирање при одлучување во управна постапка, а опфатени се и запирањето на постапката, огласувањето на управен акт за ништовен и се вршат и номотехнички подобрувања на текстот. Предложените измени и дополнувања се во насока и на имплементирање на начелата за интероперабилност и усогласување со процесите на дигитализација. Концептот е-влада обезбедува комуникација помеѓу институциите, како и комуникација со бизнис-секторот и со граѓаните. За целосно имплементирање на процесите за дигитализација, потребна е истовремена и координирана измена на повеќе прописи“, образложуваат од МИОА.

М.В