/ Прочитано:

1.020

Во подготовка измени на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој 

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува измени на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој. Основна цел за донесување на Законот е негово усогласување со новите правила на управување и спроведување на финансиската помош на Европската Унија за Република Македонија според инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој ИПА 2, како и подобрување на функционалноста на законот и доуредување на одредени постапки уредени со законот заради поефикасно нивно спроведување.

„Измената и дополнувањето на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој  е заради негово усогласување со новите правила на управување и спроведување на финансиската помош на Европската Унија за Република Македонија според инструментот за претпристапна помош во областа на политиките за земјоделство и рурален развој ИПА 2, како и подобрување на функционалноста на законот и доуредување на одредени постапки уредени со законот заради поефикасно нивно спроведување. Се предлага ново законско решение во однос на правата и обврските на вработените, во кои се предвидува и процент за зголемување на платите на вработените како политика за задржување на кадрите, проблем со кој во последните неколку години се соочува Агенцијата поради одлив на високостручни кадри. Се предлагаат нови законски рокови и соодветна дерогација од Законот за општа управна постапка“, се вели во законското образложение.

М.В