/ Прочитано:

1.089

Во подготовка измени на Законот за основање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот

Министерството за економија подготвува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија.

Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија е да се изврши промена во условите кои се однесуваат на избор на директор, со тоа што ќе биде отстранет условот за положен психолошки тест и тест за интегритет.

„Во однос на психолошкиот тест, тоа е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во Република Македонија не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар кои ќе развијат соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица“, се посочува во законското образложение.

M.В