/ Прочитано:

1.858

Во подготовка измени на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува измени на Законот за семенски и саден материјал за земјоделски растенија.При примената на постојниот Закон за семенски и саден материјал за земјоделски растенија, констатиран е следниов проблем: неможноста за запишување на сортите во националната сортна листа поради немањето на ДУС-тест (различност, еднообразност и стабилност).

Во законот, посочуваат од Министерството, сложена е постапката за доставување на извештаите за производен и увозен семенски и саден материјал. Исто така, постои административна бариера со обврската за ставање на контролни марки-етикети на увезениот семенски и саден материјал за ставање во трговија и неуредена постапка за понатамошно размножување на семенски и саден материјал.

„Потребно е и доуредување на постапката за запишување на автохтоните сорти во националната сортна листа. Постои и неефикасност на Комисијата за национална сортна листа на земјоделски растенија и уредување на постапката за собирање, складирање и уништување на отпадот од семенски и саден материјал и неповрзаност со прописите од областа на заштита на животната средина“, се вели во законското образложение каде што како проблем се посочува и неможноста за доделување на јавно овластување на лабораторија.

M.В