Во подготовка измени на Законот за технолошки индустриски развојни зони
Министерството за економија подготвува измени на Законот за технолошки индустриски развојни зони. Со Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони се врши промена во условите што се однесуваат на именување директор и заменик-директор на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони, во насока на бришење на условот за положен психолошки тест и тест за интегритет.
„Целта на Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони е да се избрише психолошкиот тест бидејќи е често користена алатка за проверка на психолошките карактеристики на кандидати за определени работни места, но проблем претставува фактот што во Република Македонија не постојат овластени правни лица кои располагаат со соодветен стручен кадар, кои ќе развијат соодветни психолошки тестови за секоја различна работна позиција, вклучувајќи ги и избраните и именуваните лица“, образложуваат од Министерството за економија.
М.В