/ Прочитано:

2.078

Во подготовка измени на Законот за трговските друштва

Министерството за економија подготвува Предлог-закон за изменување и дополнување на Законот за трговските друштва со кој се врши промена во условите кои се однесуваат на избор на управители, именување на одбори на директори, членови на управни одбори, членови на надзорни одбори во друштвата со доминантна или во целосна сопственост на државата, во насока на дополнувaње на сертификатите за познавање на англиски јазик со АПТИС, како и бришење на условот за положен психолошки тест и тест за интегритет.

Цел на Предлог-законот, велат од Министерството, е да се овозможи АПТИС да биде доказ за познавање на странски јазик за избор на управители, именување на одбор на директори, членови на надзорен и на управен одбор, во друштвата со доминантна или во целосна сопственост на државата. Исто така, додаваат од Министерството, се брише одредбата за полагање на психолошки тест и тест за интегритет.

М.В