/Прочитано:

954

Во подготовка измени на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност

Министерството за труд и социјална политика подготвува измени на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност. Уредувањето на материјата за агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство со наплата, кои се приватни агенции за вработување, е надвор од целта на уредувањето на овој закон и не е во духот на вработувањето и осигурување во случај на невработеност.

„Со текстот на Предлог-законот за изменување на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност се менуваат одредбите кои се однесуваат на агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство со наплата, а истовремено се врши и усогласување со Законот за вработените во јавниот сектор“, посочуваат од Министерството.

M.В