/ Прочитано:

1.007

Во подготовка измени на Законот за земјоделство и рурален развој

Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство подготвува измени на Законот за земјоделство и рурален развој. Цел на Предлог-законот е да се префрлат надлежностите на апликација за финансиска поддршка во земјоделството од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.

„Со предлог-текстот на законот се уредува постапката на апликација за средства од Програмата за директни плаќања во земјоделството и спроведување на управна постапка за ЕРЗС и ЛПИС. Со текстот се уредува и регулирањето на земјоделските задруги“, посочуваат од Министерството за земјоделство.