Во подготовка нов Закон за инспекциски надзор во животната средина
Министерството за животна средина и просторно планирање подготвува нов Закон за инспекциски надзор во животната средина.
„Со цел организирање на поефикасен и уедначен систем на инспекциски надзор во животната средина на целата територија на Република Северна Македонија, а воедно и за исполнување на барањата кои произлегуваат од правото на ЕУ во однос на инспекцискиот надзор во животната средина, МЖСПП пристапи кон изработка на Предлог-закон за инспекциски надзор во животната средина“, посочуваат од Министерството.
Законот има цел зајакнување на административните капацитети за спроведување на инспекциски надзор, воспоставување на систем на инспекција во животната средина кој ќе ги следи долгорочните стратешките цели и приоритети предвидени во стратешките документи од областа на животната средина, координирано повеќегодишно планирање на инспекцискиот надзор на централно и локално ниво, со што ќе се земе предвид цела територија на Република Северна Македонија.
М.В