Во подготовка нов Закон за концесии на добра од општ интерес
Минисстерството за економија подготвува нов Закон за концесии на добра од општ интерес.
„Носењето на нов закон во областа на концесии на добра од општ интерес е заради исклучување на можноста за мешање на перцепцијата на концесиите и разделување на овој вид на концесија од концесијата како јавно приватно партнерство и нивното регулирање во два засебни закони со пропишување на посебни правила кои ќе се однесуваат на секој од нив. Целта е да се создаде посебна правна рамка за доделување на концесиите на добра од општ интерес, која ќе содржи прецизни и јасни одредби за целокупниот процес на доделување на концесиите на добра од општ интерес, како и пропишување на правила за нивна доследна имплементација, преку кои ќе се обезбеди поголема транспарентност и ефикасност при делувањето на договорите во оваа област“, образложуваат од Министерството за економија.
М.В