/ Прочитано:

816

Во подготовка нов Закон за либерализација на пазарот на платежните услуги

Министерството за финасии подготвува нов Закон за платежни услуги и платни системи. Платежните услуги и платните системи, велат од Министерството,  во моментов се уредени со Законот за платниот промет, кој е донесен во 2007 година. Тој не е во согласност со новите трендови и технологии, како и со релевантните директиви и регулативи на Европската Унија.

„Со Законот ќе се либерализира пазарот на платежните услуги и ќе се зајакне конкуренцијата. Ќе се зајакнат правата на потрошувачите за нивно информирање од страна на давателите на платежни услуги за условите за користење на услугите. Законот ќе обезбеди транспарентност и споредливост на надоместоците за платежните услуги, а меѓубанкарските надоместоци со платежни картички ќе бидат ограничени. За одредени категории на потрошувачи ќе се овозможи отворање сметки со основни функции преку кои ќе може да се извршуваат одреден број на бесплатни трансакции“, се вели во законското образложение.

М.В