/ Прочитано:

1.627

Во подготовка нов Закон за приватните агенции за вработување

Министерство за труд и социјална политика подготвува нов Закон за приватните агенции за вработување. Целта на Предлог-законот, велат од Министерството, е да постои единствено регулирање на приватните агенции за вработување и надминување на постојните проблеми при имплементација на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност и Законот за агенциите за привремени вработувања, во кои досега беше регулирано нивното основање и функционирање.

„Постојната ситуација со која начинот на основање и функционирање на агенциите за посредување за вработување во земјата и во странство беше уреден со Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, беше надвор од целта на донесувањето и уредувањето на овој закон и не беше во духот на вработување и осигурување во случај на невработеност“, образложуваат од Министерството.

M.В