/ Прочитано:

721

Во подготовка нов Закон за систем на адреси

Министерството за транспорт и врски подготвува измени на Законот за систем на адреси. Заради одредени слабости и недостатоци во постојниот систем на адреси, велат од Министерството, потребно е донесување на нов Закон за систем на адреси.

„Со Предлог-законот за систем на адреси ќе се уредат условите и начинот на определување на имe на улицa, нумерирање на објектите, поставување и одржување на табли со имиња на улиците и куќни броеви на објектите, како и начинот на воспоставување и водење на Адресниот регистар во Република Северна Македонија“, посочуваат од Министерството за транспорт и врски.

М.В