/ Прочитано:

1.492

Во подготовка нов Закон за заштита на потрошувачите

Министерството за економија подготвува нов Закон за заштита на потрошувачите.

„Со Законот за заштита на потрошувачите, којшто е во сила, се уредуваат правата и обврските на потрошувачите. Овој закон е хармонизиран со директивите на Европската Унија и ги следи сите последни измени во нејзината легислатива. Прашањето за надзорот е усогласено со националниот систем на надзор, а воедно усогласено е и прашањето за  имплементација на законот од страна на надлежните инспекциски органи. Во законот е уредено и прашањето што се  однесува на судските постапки. Со новиот Предлог-закон за заштитата на потрошувачите се врши доусогласување и хармонизирање на законот со повеќе директиви на Европска унија“, велат од Министерството за економија.

Хармонизирањето на законот со директивите на Европска Унија и усогласувањето со новиот Предлог-закон за прекршоци, образложуваат од Министерството, ќе овозможи подобро остварување на правата на потрошувачите преку ефективен надзор на пазарот, подобро информирање и едуцирање на потрошувачите за нивните права, зајакнување на независноста и репрезентативноста на здруженијата за заштита на потрошувачите и ќе обезбеди инструменти за брзо решавање на споровите.

Поплаки од граѓаните поради нарушување на нивните потрошувачки права

Потребни се законски измени за колективната заштита на правата на потрошувачите

Организацијата на потрошувачи бара колективна заштита на правата на потрошувачите

М.В