Во подготовка Закон за биогорива во транспортот

Министерството за економија подготвува Законот за биогорива во транспортот. Со Законот за биогорива во транспортот за прв пат ќе се уреди материјата на биогоривата кои се користат во транспортот, истакнуваат од Министерството.

Цел на предлог законот е зголемување на производство и потрошувачката на биогоривата во транспортот; обезбедување на соодветни мерки за поддршка за постигнување на националната задолжителна цел за учеството на енергија од обновливи извори што се користи во транспортот; задоволување на потребите на потрошувачите на гориво за транспорт; подобрување на сигурноста во снабдувањето со гориво на одржлив начин и  исполнување на обврските на Република Северна Македонија преземени со ратификуваните меѓународни договори.

М.В