/ Прочитано:

624

Во подготовка Закон за финансиската инспекција во јавниот сектор

Министерството за финасии подготвува Закон за финансиската инспекција во јавниот секто.  Целта на овој закон е да ги заштити јавните финансиски интереси во финансиското управување со средствата на државниот буџет, буџетите на единиците на локалната самоуправа и средствата од други јавни извори како и средства на ЕУ фондовите, со утврдување на законитоста на нивното користење во согласност со посебните прописи кои ја пропишуваат надлежноста за спроведување на финансиска инспекција.

„Сеопфатната анализа на целокупната законска регулатива поврзана со постапувањето на Финансиската инспекција во јавниот сектор, досегашното искуство и проблеми детектирани во работењето на Финансиската инспекција во јавниот сектор, укажаа на неусогласеноста на постојниот Закон за финансиската инспекција во јавниот сектор со системските закони како што се Законот за прекршоците, Законот за општата управна постапка и Законот за инспекциски надзор, кои ја регулираат областа на постапување на финансиската инспекција. Поради тоа, како и од компаративната анализа на начинот на функционирање на финансиската инспекција кај земјите членки на ЕУ, се наметна потребата од подготовка на нов закон за финансиската инспекција во јавниот сектор во насока на подобрување на ефикасноста и ефективноста на финансиската инспекција при вршење контрола на користењето на јавните финансиски средства кај субјектите од јавниот сектор и користењето на финансиските средства од ЕУ фондовите“, образложуваат од Министерството.

М.В