/ Прочитано:

3.149

Во подготовка Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование

Министерството за образование и наука подготвува Закон за наставници во основните и средните училишта и Закон за основното образование.

Со Предлог-законот за наставници во основните и средните училишта, посочуваат од МОН, се уредуваат условите за вршење на професијата наставник и стручен соработник во основните и средните училишта во Републиката, засновањето на работниот однос, категориите на наставници и стручни соработници, работните задачи, континуираното стручно усовршување (професионален развој), напредувањето во звања (кариерен развој) и одземање звање.

„Целта на овој закон е да се уредуваат условите за вршење на професијата наставник и стручен соработник во основните и средните училишта во Република Северна Македонија, засновањето на работниот однос, категориите на наставници и стручни соработници, работните задачи, континуираното стручно усовршување (професионален развој), напредувањето во звања (кариерен развој) и одземање на звање“, образложуваат од Министерството за образование и наука.

Со Предлог-законот за основното образование, велат од МОН, се уредува воспитно-образовниот процес кој се остварува во основните училишта, како и дејноста на основното образование како дел од единствениот воспитно-образовен систем.

Цел на Предлог-законот е обезбедување системски пристап кон поттикнување на когнитивниот, афективниот и психомоторниот развој на детето во согласност со неговите потенцијали и афинитети – постигнување на националните стандарди за основно образование од подрачјата: јазична писменост, изучување други јазици, математика, природни науки и технологија, дигитална писменост, личен и социјален развој, демократска култура и граѓанство, претприемништво и уметничко изразување, култура и мултикултура – развивање самодоверба и свест кај ученикот за сопствената индивидуалност.

М.В