Во подготовка Закон за општа безбедност на производите
Министерството за економија подготвува Закон за општа безбедност на производите. Целта на Предлог-законот, велат од Министерството за економија, е унапредување на економијата и да му се овозможи на потрошувачот поголем избор на производи усогласени со општите барања за безбедност во согласност со пропишаните критериуми и стандарди преку целосно и доследно усогласување со Директива 2001/95/ЕЗ на Европскиот парламент и на Советот од 3 декември 2001 за општа безбедност на производите.
„Предлог-законот е во врска со единствениот внатрешен пазар на Европската Унија и високото ниво на заштита на потрошувачите и другите корисници на производите што се пласираат на пазарот. Со овој закон се уредува општата безбедност на производите кои се пуштаат во промет, критериумите за оценување на сообразноста на производите со општите барања за безбедност, обврските на производителот и на дистрибутерот, условите за информирање и размена на информации во врска со ризиците што произлегуваат од производот за здравјето и безбедноста на потрошувачите и на другите корисници како и вршењето надзор“, образложуваат од Министерството за економија.
Презентиран новиот Предлог-закон за заштита на потрошувачите
Објавен Предлог-законот за заштита на потрошувачите
Во подготовка нов Закон за заштита на потрошувачите
Поплаки од граѓаните поради нарушување на нивните потрошувачки права
Потребни се законски измени за колективната заштита на правата на потрошувачите
Организацијата на потрошувачи бара колективна заштита на правата на потрошувачите
М.В