/ Прочитано:

570

Во подготовка Закон за стручно образование и обука

Министерството за образование подготвува Закон за стручно образование и обука.

Со овој закон се уредуваат организирањето, структурата и управувањето на системот на стручното образование и обука. Се регулира дел од системот на образованието кој обезбедува индивидуален развој на личноста преку стекнување компетенции, знаења и вештини во одреден сектор неопходни за вклучување на пазарот на трудот или продолжување на образованието.

„Основна цел на стручното образование и обука е стекнување знаења, вештини и компетенции од секторите во Национална рамка на квалификации за вклучување на пазарот на трудот или за продолжување на образованието“, посочуваат од МОН.

М.В