/ Прочитано:

1.089

Во подготовка Закон за стручно образование и обука

Министерството за образование и наука подготвува Закон за стручно образование и обука. Со овој закон, велат од МОН, ќе се даде законска основа за основање и за работење на регионални центри за стручно образование и обука.

„Регионалните центри за стручно образование и обука ќе обезбедат поддршка на реформата на средното стручно образование во согласност со образовните политики, со националните економски политики, како политиката за рамномерен регионален развој, индустриската политика, процесот на подготовка на националната и регионалните стратегии за паметна специјализација и други релевантни национални активности, како дел од заложбите на Владата преку воведување на регионални центри за стручно образование и обука“, велат од МОН.

М.В