Во подготовка Закон за управување со движењето на предметите во судовите
Министерството за правда подготвува Закон за управување со движењето на предметите во судовите. Основната цел на Законот е усогласување со реформските закони од областа на правосудството.
„Со Предлог-законот за управување со движење на предметите во судовите се зајакнуваат механизмите за aвтоматска распределба на предметите во судовите и се прецизира надлежноста на органите и телата утврдени со законитe и Судскиот деловник“, велат од Министерството за правда.
М.В