Во подготовка Закон за установите за средно образование на верските заедници

Министерството за образование и наука подготвува Предлог-закон за установите за средно образование на верските заедници.

Со Законот, велат од МОН, Православното богословско училиште во Скопје и Средното исламско училиште „Иса Бег Медреса“ во Скопје, како установи за средно образование на верски заедници, стекнуваат статус на приватно-јавни установи за средно образование, во согласност со Законот за средното образование.

М.В