/ Прочитано:

1.693

Во подготовка Законот за спречување и заштита од дискриминација чиј текст ќе биде усогласен со меѓународните стандарди

Министерството за труд и социјална политика известува дека е во подготовка новиот Закон за спречување и заштита од дискриминација. Со овој закон, посочуваат од Министерството,  се уредуваат превенцијата и забраната од дискриминација, облиците и видовите на дискриминација, постапките за заштита од дискриминација, како и составот и работата на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација.

„Во согласност со Стратегијата за еднаквост и недискриминација 2016 – 2020 и во согласност со извештаите на Европската комисија, во насока на унапредување на законодавството за поефикасна превенција и заштита од дискриминација, Министерството за труд и социјална политика во 2016 година пристапи кон измена на Законот за спречување и заштита од дискриминација. Новиот текст на Законот ќе биде усогласен со меѓународните стандарди и ќе обезбеди поефикасна заштита од дискриминација, што недостасува во примената на постојниот закон“, образложуваат од Министерството за труд и социјална политика.

М.В