/ Прочитано:

950

Во подготовка законските измени за државна награда за унапредување на човековите права „Мето Јовановски“

„Во Република Македонија, согласно Законот за државните награди, се доделуваат државни награди со кои се оддава општествено признание за особено значајни остварувања од интерес на државата во областа на стопанството, науката, уметноста, воспитанието и образованието, културата, техничката култура, спортот, здравствената, социјалната и хуманитарната дејност, заштитата на човековата околина, публицистиката и новинарството. Согласно Законот, во Република Македонија се доделуваат следниве државни награди: „11 Октомври“, „23 Октомври“, „8 Септември“, „Св. Климент Охридски“, „Гоце Делчев“, „Мито Хаџи Василев Јасмин“, „Мајка Тереза” и „22 Ноември“. Владата на Република Македонија на седницата одржана на 9.10.2018 година, по Иницијатива поднесена од Хелсиншкиот комитет на Република Македонија, донесе заклучок со кој го задолжи Министерството за култура, во соработка со другите надлежни министерства да подготви Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за државните награди, со кој ќе се востанови нова државна награда за унапредување на човековите права која ќе го носи името на Мето Јовановски, основачот и првиот претседател на Хелсиншкиот комитет. Со наградата се оддава општествено признание за придонес во промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права“, велат од Министерството за култура од каде што известуваат дека законските измени се во фаза на подготовка.

Законски измени за воведување на нова државна награда за унапредување на човековите права „Мето Јовановски“

М.В