/ Прочитано:

2.188

Во подготовката на новиот Закон за работните односи ќе учествуваат и адвокати и судии

Владата на РМ ја разгледа информацијата за можноста за изменување на Законот за работните односи во насока на кратење или елиминирање на обврската за објава на оглас за вработување, според препораките на извештајот „Дуинг бизнис 2018“ на Светската банка.

Министерството за труд и социјална политика на владината седница, велат од Владата, го претстави негативното мислење за оваа мерка бидејќи со евентуално кратење на роковите за пријавување на кандидати за работно место ќе се доведе во прашање уставно утврденото право на секој човек под еднакви услови да му е достапно секое работно место.

„Дополнително, во Програмата за работа на Владата на Република Македонија за 2018 година предвидено е изготвување на нов Закон за работните односи, на кое ќе претходи анализа и ревизија на постојните одредби во Законот. Притоа, во утврдувањето на содржината на новиот Закон ќе бидат вклучени сите засегнати страни, односно организации на работодавачи, синдикати, професори, судии, адвокати, како и релевантни институции, со кои ќе се спроведат широки консултации, а ќе се направи анализа и на оправданоста на препораката на Дуинг бизнис со цел крајниот резултат да биде Закон со современи решенија и напредни трудови стандарди“, информираат од Владата.

M.В