/ Прочитано:

1.306

ВО ПОСЛЕДЕН МОМЕНТ: Седумдесет закони на седница на Собранието

Собранието на Република Македонија ќе работи до 24 февруари кога ќе почне да се применува одлуката за распуштање донесена на 18 јануари 2016 година.

sobranie akademik.mk

Собранието на Република Македонија денес од 12 часот ќе ја одржи својата 92 седница.

На дневен ред се 68 предлог-закони од кои дел се во скратена постапка и дел во прво и второ читање, три барања за автентично толкување на членови од закони, предлог за именување на претседател и членови на Регулаторна комисија за домување и Информација за општите состојби во образованието во Република Македонија и ефектите од екстерното тестирање во основното и средното образование.

Собранието на Република Македонија ќе работи до 24 февруари кога ќе почне да се применува одлуката за распуштање донесена на 18 јануари 2016 година.