/Прочитано:

2.247

Во предложениот Уставен закон се пропишува дека државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија

Владата на РМ го поднесе текстот на Предлог-амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и XXXVI на Уставот на РМ, заедно со Извештајот за резултатите од јавната дискусија по Нацрт-амандманите, во Собранието на РМ. Покрај текстот на Предлог-амандманите, поднесен е и Уставниот закон за спроведување на амандманите. Текстот на Уставниот закон може да се преземе на следниот линк.

Во ставот 1 од членот 1  од Уставниот закон се пропишува дека амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија влегуваат во сила со влегување во сила на Конечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995 година и за воспоставување на стратешко партнерство меѓу страните и ратификација на Протоколот за пристапување во НАТО од Првата страна на Конечната спогодба.

Амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија не произведуваат правно дејство доколку не се исполнат условите утврдени во ставот 1 на овој член.

Во членот 2 од Уставниот закон се пропишува дека одредбите од амандманот XXXIII во прописите и другите акти на државните органи се применуваат од денот на влегувањето во сила на овој закон.

Од денот на влегување во сила на амандманот XXXIII, државјанството ќе биде македонско/граѓанин на Република Северна Македонија.

Од денот на влегување во сила на амандманот XXXIII, употребата на придавката во однос на државата, државните органи и јавни институции е во согласност со името на државата или со нејзиното скратено име и  гласи „на Република Северна Македонија“ или „на Северна Македонија“

Понатаму во членот 3 од Уставниот закон се пропишува дека постоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата, ќе се усогласат со амандманот XXXIII најдоцна во рок од пет години од нeговото влегување во сила.

„Усогласувањето со амандманот XXXIII на постоечките документи и материјали наменети исклучиво за внатрешна употреба ќе започне со отворањето на секое поглавје од релевантното поле во преговорите со Европската Унија, а ќе заврши најдоцна во рок од пет години од отворањето на поглавјето“, се пропишува во членот 4 од Уставниот закон.

Во последниот член, членот 5, се пропишува дека „овој уставен закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија го прогласува Собранието на Република Македонија и влегува во сила со денот на влегување во сила на уставните амандмани.“

М.В

Текстот на Предлог-амандманите за измени на Уставот поднесени во Собранието на РМ

Собранискиот деловник во врска со донесувањето и прогласувањето амандманите на Уставот

Соопштение за последните јавни дискусии за нацрт-амандманите за уставните измени

Соопштение за третата јавна дискусија за нацрт-амандманите за уставни измени

Соопштение за втората јавна дискусија за нацрт-амандманите на Уставот одржана на Универзитетот ФОН

Соопштение на Владата во врска со првата јавна дискусија за нацрт- амандманите за уставни измени

Јавни дискусии на Владата за измените на Уставот

Јавна расправа и почеток на третата фаза за изгласаните нацрт-амандмани на Уставот

Нацрт-амандманите на Уставот пред Комисијата за уставни прашања

Според нацрт-амандманите, зборот „Македонија“ останува во членот 36 од Уставот

Објавен текстот на нацрт-амандманите на Уставот на Република Македонија

Деловникот на Собранието на РМ во врска со нацрт-амандманите на Уставот

Собранието донесе одлука за пристапување кон измена на Уставот

Предлогот за уставни измени на собраниска седница – објавен извештајот од Комисијата за уставни прашања

Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на седница на Комисијата за уставни прашања

Деловникот на Собранието на РМ во врска со Предлогот за пристапување кон измена на Уставот

Што содржи Предлогот на Владата до Собранието на РМ за пристапување кон измени на Уставот

Предлогот за пристапување кон измени на Уставот на вонредна седница на Владата

Во Министерството за правда засега нема предлог за уставните измени

ДИК за референдумот: „Одлуката не е усвоена бидејќи не гласале повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список“

На референдумот од 91 година од 1.495.807 граѓани со право на глас излегле 1.132.981 граѓанин, од кои над 95% гласале „За“

ДИК со податоци за обработени 98,61 процент од избирачките места: Излезноста на референдумот е 36,87 проценти

Обвинителството со дополнителни дежурства за евентуални нерегуларности во текот на референдумот

Соопштение на ДИК: Изборните органи да работат професионално, а набљудувачите да се придржуваат до Кодексот

Почнува гласањето на референдумот: Гласаат членовите на ИО во дипломатско-конзуларните претставништва

ДИК објави табела на акредитирани набљудувачи за претстојниот референдум

Јавното обвинителство ќе ги следи евентуалните нерегуларности околу референдумот

ДИК: Неопходни се два услови за успешен референдум

Подносителите на иницијативата за оспорување на Одлуката за референдум: Срамен ден за владеењето на правото

За мнозинството уставни судии оспорената одлука за референдумот не е противуставна

Оспорената одлука за распишување на референдумот на седница на Уставниот суд

ДИК го усвои Кодексот за набљудување на референдумот

Левица поднесе иницијатива пред Уставниот суд за поништување на собраниската одлука за референдумот

Проверката на податоците во Избирачкиот список за спроведување на референдумот ќе трае до 23 август

Јавна седница на ДИК за прашања поврзани со референдумот

Изгласана Одлуката за референдум за консултирање на граѓаните

Предлог-одлуката за референдум за консултирање на граѓаните поднесена од група пратеници

Процедурите во Договорот со Грција кои се однесуваат и на зачленувањето на Македонија во НАТО

Дескоска: Со Законот за референдум не може да се менува цензусот за референдум бидејќи цензусот е уставна категорија

Претседателот Иванов донесе одлука да не го потпише указот за Законот за ратификација на договорот со Грција

Сè уште нема конечна одлука дали ќе се менува Законот за референдум, вели министерката за правда

Што се предвидува во Договорот со Грција за употребата на придавките во однос на „јавните институции и приватните ентитети“

Собранието го ратификуваше договорот со Грција

Предлог-законот за ратификација на договорот со Грција во собраниска процедура по скратена постапка

Владата ќе го достави Предлог-законот за ратификација на договорот со Република Грција

Предвидените внатрешни правни постапки во потпишаниот договор со Грција потребни за негово влегување во сила

Владата го објави текстот на договорот со Грција /м.в