Во Регистарот на вистински сопственици досега впишани над 16.700 субјекти
Впишувањето на вистинските сопственици во секое правно лице во Регистарот започна на 27 јануари годинава и ќе трае до 27 април. Досега во Регистарот се впишани над 16.720 субјекти.
„Бесплатно поднесување на пријави за упис во Регистарот може да се изврши до 27.4.2021 година. Подносител на пријавата за упис на вистински сопственик може да биде секое лице кое поседува валиден дигитален сертификат и кое е овластено од правниот субјект преку системот на администраторот. Доколку не ја изврши оваа законска обврска, може да биде исклучен од платниот промет“, истакна директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски, на средбата со заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.
„Централниот регистар во наредниот период е фокусиран на унапредување на соработката со Инспекцискиот совет и на развивање на проектот за создавање на централна платформа за евидентирање на издадени лиценци и дозволи кои би биле интегрирани во тековната состојба на правниот субјект, кои исто така се важни за борбата со корупцијата“, посочи Бошковска-Јанковски.
Според Николовски, со овој регистар се добива вистинска слика на сопствеништвото во бизнис-секторот во државата и точно ќе се знае кое лице и во колку компании има сопственост, кои се тие компании, каде има удел, колкава е висината на уделот, каде е евентуално претседател на управен одбор и друго. Овој регистар ќе придонесе за зголемување на сигурноста во правниот промет во земјата, а истовремено ќе ги зајакне механизмите за борбата со перење на пари и финансирање на тероризмот во нашата држава.
Инаку, годинава Централниот регистар е добитник на Мерит наградата за иновативност, која ја доделува Светскиот форум на корпоративни регистри. Наградата се однесува за проектот Заедничка платформа за отпочнување на бизнис, со која ЦР ја збогати палетата услуги кои деловната заедница може да ги користи преку едношалтерскиот систем и тоа токму во доменот на отпочнување на бизнис.
Централен регистар: Адвокатските друштва да ги пријават податоците за вистинските сопственици
Централен регистар: Пуштен во употреба регистарот на вистински сопственици
Регистарот на вистински сопственици ќе се стави во функција на почетокот од 2020 година
Вистински сопственик на правно лице
Централниот регистар од следната година ќе ги регистрира вистинските сопственици на фирмите
Анализата на клиентот според Законот за спречување на перење пари и финансирање тероризам
Новиот Закон за спречување на перење пари и финансирање тероризам во собраниска процедура
Се подготвува Закон за спречување на перење пари и финансирање на тероризам
М.В