/ Прочитано:

1.120

Во Собранието ќе се конституира Интерпартиската парламентарна група за правата на ЛГБТИ-лицата

Иницијатори на оваа идеја се пратениците Маја Морачанин, Павле Богоевски, Бранко Маноиловски, Лилјана Поповска, Ирена Стефоска, Ивана Туфегџиќ, Јулијана Николова, Петар Атанасов, Никица Корубин, Соња Мираковска, Јагода Шахпаска, Александар Кирацовски и Славица Шуманска-Митева. Покрај пратениците на средбата се поканети претставници на амбасадите и на невладиниот сектор од оваа област.

На конститутивната средба поздравни обраќања ќе имаат пратениците Маја Морачанин, членка на групата, и Павле Богоевски, член на групата, по што од страна на Драгана Дрндаревска ќе биде презентирана Процената на знаењата, ставовите, потребите и практиките на пратениците во Собранието на Република Македонија во врска со човековите права на ЛГБТИ-луѓето и заштитата од дискриминација.