Во Статутот на АКРМ зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, а зборот „АКРМ“ со зборот „АКРСМ“
Во рамките на работниот дел од 64. Годишно собрание на Адвокатската комора на Република Македонија, делегатите ги усвоија Записникот од 63. Годишно собрание на АКРМ, извештаите за работата на Управниот одбор, на Надзорниот одбор, на Дисциплинскиот суд, на Дисциплинскиот обвинител, на Жалбениот совет, а беше разгледана и завршната сметка за 2018 година со извештајот на независната ревизорска куќа.
На Собранието беше донесена Одлука за измена и дополнување на Статутот на АКРМ, со која во Статутот на Адвокатската комора на Република Македонија зборот „Македонија“ се заменува со зборовите „Северна Македонија“, а зборот „АКРМ“ се заменува со зборот „АКРСМ“.
Делегатите беа информирани од страна на претседателот на АКРМ, Љубомир Михајловски, за активностите преземени со цел решавање на проблемот со деловниот простор на Комората и ја верификуваа одлуката на Управниот одбор за набавка на нов деловен простор на Адвокатската комора.
СВЕЧЕНО ОДБЕЛЕЖАНИ ДЕНОВИТЕ НА МАКЕДОНСКАТА АДВОКАТУРА: „Адвокатите се заштитници и борци за правда“
М.В