/ Прочитано:

1.453

Во Тунис може да се склучуваат бракови и од различна религија

Во Тунис се укина забраната за склучување бракови само врз основа на муслиманската религија. Тоа значи дека жените во Тунис веќе нема да мораат да стапуваат во брак само со маж од муслиманска вероисповед. Оваа забрана била востановена во 1973 година, а пред еден месец тунискиот претседател Беџи Каид Есеби повикал таа да биде повлечена со образложение дека со неа се кршат Уставот и човековите права.

Портпаролката на тунискиот претседател, Саида Гарач, минатата недела одржа прес-конференција, во која објави дека се укинува забраната за склучување бракови само врз основа на муслиманската религија. Тоа значи дека жените во Тунис веќе нема да мораат да стапуваат во брак само со маж од муслиманска вероисповед.

Оваа забрана била востановена во 1973 година, а пред еден месец тунискиот претседател Беџи Каид Есеби повикал таа да биде повлечена со образложение дека со неа се кршат Уставот и човековите права.

Овој потег е еден чекор плус во остварување на поголеми права на жените во доминантно муслимански држави. Претходно, во 1956 година, друг таков чекор со кој се овозможи гарантирање на правата на жените беа укинувањето на полигамијата и дозволување на брак само со еден партнер.

Тунис во последните 3-4 години доживеа повеќе кризни општествени ситуации, откако во 2014 година беше донесен новиот устав во услови на граѓански немири. Претходно, пак, во 2011 година, претседателот Бен Али ја напушти функцијата, оставајќи ја државата без раководство.

Во мај 2013 година, „Хјуман рајтс воч“  итно препорача државата да направи измени во Уставот, во насока на подобрување на човековите права, а исто така и да ја укине клеветата како кривично дело.

С. М.