/ Прочитано:

2.553

Во Законот за прекршоците се воведува ново начело на надомест на штета од прекршок

Измените на Законот за прекршоците се во собраниска процедура. Со измените се воведува ново начело на надомест на штета од прекршок. Исто така, со измените се заострува казнената политика со можност за зголемување  на висината на глобите за физичките и правните лица во областа на животната средина.

Во законското образложение се истакнува дека начелото на надомест на штета од прекршок.  се воведува од причина што во голем број ситуации со прекршокот се предизвикуваат штетни последици, а со изречената глоба или друг вид прекршочна санкција не се постигнува целта на казнувањето.

„Сторителот кој е прогласен за виновен за прекршок и му е изречена прекршочна санкција должен е да ја врати или надомести штетата или на друг начин да ги отстрани или поправи штетните последици од сторениот прекршок“, се пропишува во предложеното законско решение.

Понатаму со предложеното законско решение се предлагаат  измени кои се однесуваат на висините (рамките) на глобите за физичките и правните лица во сите области на општеството. Со измените, се вели во образложението, предвидена е можност за зголемување на глобите во областа животна средина од причина што рамките дадени во постојните членови се несоодветни за оваа област.

Предложени измени на Законот за квалитет на амбиентниот воздух

Утврдени измените на повеќе закони од областа на животната средина

Законските измени за зголемени казни во областа на животната средина во собраниска процедура

До 20 пати поголеми казни за загадување на животната средина

Законски измени за намалување на глобите во Законот за јавна чистота

Измени на Законот за прекршоците за заострување на казните од областа на животната средина

М.В