/ Прочитано:

3.790

Водич со корисни информации и упатства за физичките лица за данокот на додадена вредност

За подобро информирање на даночните обврзници – физички лица во однос на правата и обврските што произлегуваат од Законот за данок на додадена вредност, а воедно и обезбедување на повисоко ниво на услужност и поттикнување на доброволната усогласеност на обврзниците, преземете го „Водичот за подобро информирање на физичките лица за данокот на додадена вредност“.

Целта на овој водич е да ја подобри информираноста во однос на даночните права и обврски на физичките лица кога тие вршат самостојна стопанска дејност и да ги унапреди даночните услуги кон граѓаните. Водичот е изработен во соработка помеѓу Министерството за финансии, Управата за јавни приходи и Цивитакс – Група за фискални прашања во граѓанскиот и академскиот сектор и кај физичките лица.

Водичот содржи корисни информации и упатства за предметот на оданочување со данок на додадена вредност, за пресметувањето на вкупниот промет за цели на регистрација за ДДВ, за начинот на регистрација за цели на ДДВ, како и појаснувања за другите права и обврски на даночниот обврзник – физичко лице.

УЈП: До 15 јануари да се поднесе пријава за регистрација за ДДВ

М.В