/ Прочитано:

1.909

Водич за цитирање на судската пракса на Европскиот суд за човекови права

Води за цитирање на судската пракса на ЕСЧП е објавен на веб страницата на Врховниот суд.

При изборот на предмети од судската пракса на Европскиот суд за човекови права кои се цитираат од страна на домашните судови, се вели во Водичот,  во процесот на нивното правораздавање треба да се имаат предвид повеќе критериуми.

„Важно е предметот кој е избран за цитирање да биде соодветен за примена во предметот за кој се одлучува. Тоа значи избраниот предмет да биде од помош во однос на начинот на толкување на домашното законодавство и конкретно во однос на конкретното прашање кое се разгледува од страна на домашниот суд. Ова претпоставува добро познавање на судската пракса на Судот и ги вклучува следниве аспекти:

Цитирање пракса под соодветен член на Европската конвенција за човекови права (во натамошниот текст: Конвенцијата). На пример, доколку се работи за одлучување по наводи за неправично судење, се цитира праксата на Судот развиена под член 6 од Конвенцијата, кој го гарантира правото на правично судење; доколку се работи за одлучување за наводна дискриминација, се применува праксата под член 14 од Конвенцијата или член 1 од Протоколот бр. 12 кон Конвенцијата итн.“, се посочува во Водичот, кој во целост може да се преземе на следниот линк.

М.В